Кире Лазаров го објави списокот за Швајцарија и за Финска

Кире Лазаров денеска го објави поширокиот список на ракометари за дуелите со Финска и со Швајцарија во рамките од квалификациите за ЕП 2022.

Македонија веќе го обезбеди пласманот на европскиот шампионат, но желба на Лазаров и на сите ракометари е да се слави на последните два меча, со што би била освоена најмалку втората позиција во групата.

Сениорите најпрвин ќе гостуваат во Финска на 28.04.2021, а на 02.05.2021 во CЦ “Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар од квалификациите за пласман на EURO 2022.

Се вчитува...