Кире Лазаров го победи коронавирусот

Најдобриот македоски ракометар Кире Лазаров се враќа во тренажен процес во тимот на Нант, откако леворакиот „бомбардер“ излезе како победник и од борбата со коронавирусот.

Француските медиуми информираат дека македонскиот ас добил негативен тест на последното тестирање за Covid-19, по што може да му се стави на располагање на тренерот Ентрериос. Врз Лазаров во текот на денешниот ден ќе бидат извршени детални прегледи, по што тој би можел да се врати на терените на неделното гостување од француското првенство против Данкерк.

Заедно со Македонецот негативен тест добил и шпанскиот пивот Фигерас, кој исто како и Лазаров десетина дена беше надвор од терените по позитивниот тест пред мечот од ЛШ против Целје.

Се вчитува...