Кире Лазаров и Нант убедливи против Кокс

Кире Лазаров и Нант имаа успешна европска премиера во 2022 година, лесно славејќи на домашен терен над Кокс со убедливи 36-25.

Шампионот на Финска не беше достоен ривал за францускиот состав, кој уште во првото полувреме си ја осигура победата (17-12), за во вторите 30 минути избраниците на тренерот Ентрериос да стигнат и до двоцифрен триумф.

Лазаров постигна два погодоци од четири обиди, а најефикасни во таборот на Нант вечерва беа Овничек со седум и Ривера со пет погодоци.

Нант моментно се наоѓа на третото место во групата со десет освоени бода, по еден помалку од водечките ГОГ и Бенфика. Во следното коло Лазаров и соиграчите ќе му гостуваат на бундеслигашот Лемго, кој е четвртопласиран во групата.

Се вчитува...