Кире Лазаров: Јас сум Македонец и го посакувам Вардар во финале…

Кире Лазаров со Нант утре ќе игра во финалето на Ф4 турнирот вио Келн. Токму македонскиот капитен беше еден од клучните играчи на Нант за сензационалната победа во полуфиналето против ПСЖ (32-28). Лазаров е нов рекордер со најмногу постигнати голови на Ф4 од ЛШ, еден од ретките со шест настапи на завршниот турнир со четири различни екипи и една титула освоена со Барселона. Пред утрешното финале чувствата се поделени. Едно вели разумот, а нешто друго чувствата…

„Заради моите Македонци и моја Македонија, го сакам Вардар во финалето. Иако, што се однесува до квалитетот логично е да го посакувам Монпелје во финалето бидејќи со нив ќе ни биде многу полесно. Но, јас не можам против мојата Македонија! Јас сум Македонец и секогаш ќе бидам. И од срце му посакувам на Вардар да се пласира во финалето. А, потоа, кој е подобар нека победи“ – вели Кире Лазаров.

Се вчитува...