Кире Лазаров – легенда на терен, голем ас и како тренер (ФОТО)

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Кире Лазаров требаше да биде единствениот селектор – играч на овој европски шампионат, но повредата го спречи македонскиот „бомбардер“ да се појави на терен и фокусот во Дебрецин ќе го стави исклучиво на селекторската функција.

А судејќи по она што го видовме денеска, Лазаров само потврди дека статусот на ракометна легенда како играч планира да го продолжи преку тренерската професија.

Тој успеа да го извлече максимумот од нашата репрезентација, против еден максимално сериозен ривал од самиот европски врв. Фактот дека подолг период од мечот го минавме и без поискусните Стоилов, Миркуловски и Георгиевски е уште една потврда дека Лазаров е целосно фокусиран на смена на генерациите и како таа да мине што побезболно за мак-ракометот

Процесот ќе биде долг, но овие први знаци под негово водство се и повеќе од охрабрувачки. Огромен чекор напред би бил триумф в сабота против Црна Гора, за уште поголема самодоверба пред наредните предизвици, не само последниот меч во Дебрецин со Данска, туку и дуелите од квалификациите за следниот ракометен мундијал.

Со Кире Лазаров на клупата, ниту тој мундијалски сон не е неостварлив.

Се вчитува...