Кире Лазаров малку баскет, малку голф – за ракомет со Нант има време (фото)

Стручниот штаб на Нант дефинитивно има план како да ги релаксира своите ракометари при подготовките за новата сезона. Јасно е дека ракометарите ќе имаат напорни предизвици на ракометните терени во месеците што следат, па Кире Лазаров и соиграчите во меѓувреме се опуштаат со други спортови.

Така, денеска се тренираше одбојка, а потоа ракометарите се пресметаа и во „баскет“, дуел во кој македонскиот репрезентативец имаше значајна улога.

На крај, за опуштање следеше партија голф.

nant kire basket2

nant kire golf

Се вчитува...