Кире Лазаров меѓу најплатените ракометари во историјата на Барса

Кирил Лазаров се наоѓа на третото место на листата на најплатени ракометари во изминатата деценија во Барселона, според истражувањето на „Handball TV”.

Македонскиот ас беше дел од каталонскиот гигант од 2013 до 2017 година, кога пристигна во Барса од редовите на Атлетико Мадрид. Според оваа статистика, тој на почетокот од авантурата во Барселона зема нешто повеќе од 10.000 евра месечно, но веќе во втората сезона неговата плата „скока“ на 15.000 евра. Од сезоната 2015/16 Лазаров веќе заработува по 18.000 евра месечно, со што станува најплатен ракометар на Барселона, а воедно и извесно време останува најплатен дури и по преселбата во Нант во 2017 година.

Според истражувањето, Лазаров од тронот го симнува Данецот Ласе Андерсон, „бомбардерот“ што воопшто не ги оправда очекувањата во дресот на Барселона, а најплатен ракометар на Барселона во изминатата деценија е Лука Циндриќ, кој заработува по 25.000 евра по трансферот од Киелце.

Мора да се истакне дека е тешко да се потврди веродостојноста на информациите, ако се знае дека на листата воопшто не се појавува Никола Карабатиќ, кој пристигна од Кил во 2013 година и мина две одлични сезони во дресот на каталонскиот гигант пред да биде продаден во милионски трансфер во ПСЖ.

Се вчитува...