Кире Лазаров: Нема изговори, се ќе зависи од нас… не треба да се оптоваруваме со противниците

Македонија немаше многу среќа на денешната ждрепка за ЕП 2022, за противници ги доби Данска, Словенија и Црна Гора, но Кире Лазаров уште еднаш покажа максимална лидерска способност, ставајќи до знаење дека не смееме да се плашиме од ривалите.

Селекторот и капитен на македонскиот национален тим јасно става до знаење дека на натпреварите во Дебрецин во јануари 2022 се ќе зависи од настапот на нашата селекција.

„Нема изговори, одиме по потешкиот пат. Се ќе зависи од нас и од тоа колку ние ќе успееме да го кренеме нашето ниво до јануари. Противниците се тие што се, нема многу да се отповаруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме на секој натпревар на победа. Ми се допадна една изјава што денеска ја прочитав од еден од лидерите на тимот, Николче Митревски – Ако играме како што умееме не е важно кој ќе ни биде ривал. Тоа е вистината, ние од утре почнуваме со подготовки за ЕП“, изјави Кире Лазаров за ЕКИПА.

Се вчитува...