Кире Лазаров по нов рекорд – најдобар стрелец во историјата на Ф4

Кире Лазаров доаѓа во Келн со четврти различен клуб, овојпат како член на Нант откако претходно во битката за трофејот ги бранеше боите на Сиудад Реал, Атлетико Мадрид и на Барселона. Македонскиот „бомбардер“ ќе стори се да му помогне на Нант во битката за врвот, а пред Лазаров е и еден индивидуален рекорд – нашиот ас е на само шест погодоци за да стане најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите.

Кире Лазаров досега има 51 гол на натпреварите во „Ланксес арена“, а повеќе од него имаат само Филип Јиха и Момир Илиќ, по 56. Сепак, Јиха ја заврши сезонава, Илиќ со Веспрем не се пласираше на Ф4 оваа година, што му дава можност на Лазаров со пет гола да ги стигне двајцата асови, а со шест да стане апсолутен рекордер.

„Според мене, тоа не е важно, единствената работа што е важна е успехот како тим, а не бројот на головите на индивидуалците. Ракометот е тимски спорт и тоа нема да се промени. Навистина, имам добри настапи на претходните шест фајналфор турнирите, поседувам искуство, но мој приоритет е да му помогнам на тимот, не да го бркам индивидуалниот рекод“ – истакна Лазаров.

Се вчитува...