Кире Лазаров: Победивме со ’работите’ на Раул, а Брестовац не остави да играме

Ракометната репрезентација на Македонија оствари значајна победа над Исланд на гости во дебито на новиот селектор Данило Брестовац. Капитенот Кире Лазаров не го заборави и поранешниот предводник Раул Гонзалес, истакнувајќи дека многу ’работи’ од него биле искористени и на овој меч. Поразот од Грција не се заборава, но ова е голем триумф за враќање на атмосферата на највисоко ниво, пред наредниот меч против Исланд, в недела во Скопје.

„Секогаш велам, Македонија е ’инфицирана’ со ракомет. Треба да гледаме напред, имаме иднина, се прават одлични работи и во младинскиот ракомет. Штоп се однесува до овој меч, голем триумф за нас. Морам да кажам дека користевме и од ’работите’ на Раул Гонзалес, иако не сакам да ја омаловажам дебитанската победа на новиот селектор Данило Брестовац кој не остави да играме. И Одигравме мудро, како што се договоривме, а сега треба да бидеме уште подобро подготвени за реваншот в недела во Скопје, затоа што Исланд можеби сега и не потцени. Сигурен сум дека во Скопје ќе видиме уште посилен Исланд“, изјави Кире Лазаров.

Македонија по три одиграни кола се наоѓа на првото место во групата 3, со четири освоени бода, колку што има и второпласираниот Исланд.

Се вчитува...