Кире Лазаров со нов фантастичен рекорд во ЛШ

Кире Лазаров го предводи Нант на вечерашниот дуел од ЛШ против Киелце, натпревар на кој македонскиот „бомбардер“ израмни уште еден неверојатен рекорд во елитното европско натпреварување.

Лазаров веќе извесно време е најдобар стрелец во историјата на ЛШ, а Македонецот вечерва го стигна Арпад Штербик на врвот на листата на играчи со најмногу настапи во ова натпреварување. За Кире ова е 249 меч во Лигата на Шампионите, бројка со која досега можеше да се пофали единствено поранешниот голман на Вардар.

Треторангиран на оваа листа е Тиери Омејер со 240 натпревари, а од активните ракометари тука се Никола Карабатиќ со 237, Јонас Калман со 225 и Тимур Дибиров со 217 одиграни средби во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...