Кире Лазаров: Вардар заслужено во финале, имаше среќа но среќата ги прати храбрите!

ЕКИПА во Келн,Стеван Цаневски, Игор Паневски

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров одигра одличен меч во дресот на Барселона. Најдобриот кај Каталонците единствен во второто полувреме одржуваше шанса за Барса да се пласира во финалето, но не успеа осамен во нападот да извлече победа за својот тим.

„Вардар заслужено оди во финалето. Имаа и спортска среќа, но секогаш велам дека среќата треба да се заслужи. Играа одлично во текот на целата сезона, па токму ми се чини поради тоа на крајот на еден меч беа наградени и со малку среќа. Немаше да биде незаслужено и ние да се пласиравме во финале. Ни се случува, не знам по кој пат, во последни секунди да примиме гол. Но, што е тука е, сакам да му посакам на Вардар среќа во финалето“ – истакна Лазаров.

Може ли Вардар да го добие и ПСЖ во финалето?

„Вардар денеска одигра одличен меч во текот на сите 60 минути, без ниту еден пад. Докажаа дека не случајно се тука, и сигурно дека може да победат секого“ – рече капитенот на македонската репрезентација.

Се вчитува...