Кире Лазаров: Заслужено сме во четвртфинале, за место во полуфинале ќе треба игра ниво поквалитетна!

Македонскиот суперлигаш Алкалоид на најдобар можен начин, со две убедливи победи против италијански Бриксен, го завери пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп.

Тренерот Кирил Лазаров, сосема очекувано, задоволен од двомечот на еден од најдобрите македонски клубови, и по денешниот триумф во Скопје од 38-31.

„Заслужено ја поминавме оваа осминафинална пречка. Игравме против една брза и полетна екипа, со ростер од осум до девет играчи кои играат навистина квалитетно. Факт е дека Бриксен не успева, поради кратката ротација, содветно да се носи до крајот на натпреварите, па и денеска со пресврт заслужено дојдовме до победата“ – истакна Лазаров на прес-конференцијата по мечот, притоа дополнувајќи:

„Сега не очекува четвртфиналето во кое има три навистина квалитетни можни противници кои посакуваме да ги избегнеме на ждрепката во вторник. Сега сме во најдобрите осум во ЕХФ купот и сигурно желбата е да се води максимална битка за полуфинале. Ќе се играат мечевите во еден период во кој ќе има доста натпревари, како клупски така и репрезентативни, и јасно е дека ќе мора да одиграме и на едно повисоко ниво во четвртфиналето ако сакаме продолжување понатака во Европа“.

Слично е размислувањето и на Марко Стојковиќ кој нагласува дека ќе мора наредниот период да се корегираат одредени недостатоци во играта за да успешно се парира на четвртфиналниот противник.

Се вчитува...