Кире Маркоски двоен стрелец, Спартак Трнава го освои Купот на Словачка

Македонскиот интернационалец Кире Маркоски беше двоен стрелец за својот тим Спартак Трнава во финалето на Купот на Словачка, што неговиот тим го доби по изведување пенали. Спартак Трнава поведе со 3-0, а Кире Маркоски беше стрелец во 45. и во 48.минута од натпреварот. Но, потоа Жилина возврати и израмни на 3-3, па финалето влезе во проодлженија, а на крајот се решаваше на пенали.

По изведување на удари од белата точка, Спартак Трнава славеше со 4-1 и го освои куп – пехарот.

Се вчитува...