Кире Маркоски погоди за Спартак Трнава

Македонскиот репрезентативец Кире Маркоски имаше одличен настап за Спартак Трнава. Тој го постигна победничкиот гол за својот тим во првиот полуфинален натпревар од Купот на Словачка против Сеница. Реваншот ќе се одигра на 17 април, а тимот на Маркоски е на чекор до финале.

Македонскиот офанзивец постигна погодок уште во третата минута, а тоа на крајот беше и конечен резултат на првиот полуфинален дуел во Купот на Словачка.

Се вчитува...