Кире Маркоски потпиша за чешкиот прволигаш Карвина

Повремениот македонски репрезентативец Кире Маркоски е нов член на чешкиот прволигаш Карвина. Тој потпиша едногодишен договор со овој клуб, со опција за продолжување на соработката доколку се задоволни и двете страни.

„Карвина е многу добро организиран клуб со извонредна инфраструктура и фантастичен стадион. Ми се допаѓа тука. Чешкото првенство е квалитетно и претставува предизвик за секој фудбалер, за мене да достигнам едно повисоко ниво. Мислам дека го направив вистинскиот избор и гледам позитивно напред“, изјави Кире Маркоски по потписот за Карвина.

Чешкиот клуб го најави Кире Маркоски како значајно засилување.

„Кире е интересен фудбалер кој може да придонесе многу на двете страни од теренот. Нашиот стил на игра би требало да му лежи. Верувам дека ќе биде значајно засилување за нас“, изјави Лубомир Влк, спортскиот директор на Карвина.

 

Се вчитува...