Кире Николовски ги пропушта квалификациите

Селекторот Александар Тодоров се соочува со нов проблем во пресрет на квалификациите за Евробаскет 2021, откако на ден пред официјалниот старт на подготовките остана без помошта на Кире Николовски.

Центарот на Работнички беше дел од овој клуб на турнирот од АБА2 на Златибор, но во наредните денови нема да може да му помогне на националниот тим во обид да стигне до првите победи во овој квалификациски циклус. Причините се здравствени, не се поврзани со Covid-19, но Николовски сепак нема да му биде на располагање на Тодоров.

Ова е втор проблем за селекторот, по позитивниот тест на Covid-19 што го имаше Стојан Ѓуроски. Во една ваква ситуација, заедно со повредите на Крстевски и на Маслинко, јасно е дека Македонија ќе има недостиг на високи кошаркари за турнирот во Талин.

Се вчитува...