Кире Николовски во среда потпишува за Кожув

Кожув договори големо засилување за наредната сезона откако ги среди сите детали за соработка со поранешниот репрезентативец на Македонија, Кире Николовски. Искусниот центар пристигнува од редовите на Работнички, каде ги мина последните неколку сезони, а во кариерата има настапувано и за МЗТ Скопје, Фени индустри, Вардар осигурување и за Карпош Соколи.

Николовски го пропушти поголемиот дел од ланската сезона поради сериозна повреда, но се очекува да биде „фит“ за стартот од новиот шампионат.

„Начелно се договорени сите услови. Во среда треба и официјално да биде потпишан договорот за мојата преселба во Кожув“, потврди Кире Николовски за ЕКИПА.

Се вчитува...