Кире Ристевски со гол ја најави победата на Етникос

Повремениот македонски репрезентативец Кире Ристевски со гол ја најави победата на Етникос Ахна на гостувањето кај Докса. На крајот гостинскиот тим славеше триумф од 0-2.

Ристевски во 12. минута погоди во противничката мрежа, а потоа неговиот соиграч Кабрера во 24. минута донесе 0-2, што беше конечен резултат.

За домашниот тим од 61. минута играше екс репрезентативецот Душко Трајчевски, но не успеа да направи нешто за да го спаси тимот од пораз на овој меч од 22. коло. За гостите цел меч одигра и Стефан Спировски.

Се вчитува...