Киргиос без одговор за фантастичниот Надал

Рафаел Надал ја продолжува серијата импресивни настапи на земјена подлога откако Шпанецот во голем стил се пласираше во четвртфиналето во Мадрид, декласирајќи го Ник Киргиос со 2-0 во сетови.

Австралиецот вообичаено важи за незгоден ривал за најголемите фаворити, но овојпат Киргиос немаше лек за извонредниот Шпанец, кој уште еднаш покажа зошто е најдобар тенисер на сите времиња на земјена подлога. Надал направи брејк уште при вториот сервис на Киргиос, што беше најава за неговиот одличен настап. Шпанскиот тенисер најпрвин го доби стартниот сет со 6-3, за потоа во вториот да го демолира „лошото момче“ од Австралија со 6-1.

Следен противник на Надал ќе биде Давид Гофан, а во останатите четвртфинални дуели ќе се сретнат Чориќ – Тием, Куевас – Зверев и Ѓоковиќ – Нишикори.

Се вчитува...