Ќириќ: Група по мерак за нас, да ја оправдаме фаворитската улога

Фудбалската репрезентација на Македонија е извлечена како носител во групата Д-4 во новоформираното натпреварување на УЕФА, Лигата на нации, заедно со селекциите на Ерменија, Лихтенштајн и на Гибралтар. Спортскиот директор Саша Ќириќ, кој присуствуваше на ждребот во Лозана заедно со селекторот Игор Ангеловски и претставници на ФФМ, смета дека ова е група по мерак за Македонија.

„Ова е група по мерак за нас. Сега останува да ја оправдаме фаворитската улога“, истакна Саша Ќириќ.

Се вчитува...