Кирил Лазаров ја доби највисоката тренерска лиценца

Капитенот и селектор на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров ја доби највисоката тренерска диплома од Европската ракометна федерација со која стана „мастер-коуч“.

Тој ја доби оваа лиценца откако го положи тестот со анализа на тема „„репрезентација на Шпанија на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка 2020 година – освојувач на златен медал (структура на тимот, применета стратегија и оцена на играчи)“.

Тој ја презеде репрезентацијата на Македонија по Светското првенство во Египет и на првиот свој натпревар како предводник на „црвено-жолтите“ го победи актуелниот светски шампион Данска и успеа да се пласира на следното Европско првенство.

 

Се вчитува...