Кирил Лазаров: Во професионалниот спорт нема случајности, среќата се заслужува со посветеност и борба до крај

Меѓу серијата честитки до македонските фудбалери за големата победа над Германија во квалификациите за СП 2022 е онаа на капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров.

Лазаров нагласува дека во професионалниот спорт нема случајност, а среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај.

„Честитки за сите играчи, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите вклучени кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионализмот нема случајности или среќа, среќата е заслужена со посветеност, ентузијазам и борба до крај. Македонскиот спорт станува наш најголем амбасадор во светот, спортистите најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажете дека имате ментална сила, карактер, македонски стил, интелигенција“ – вели Кирил Лазаров.

Се вчитува...