„Кирјос ги слави поразите со три пива, не може на нозе да стои а потоа оди на прес-конференција…“

Францускиот тенисер Беноа Пер смета дека контроверзните тенисери како Фабио Фоњини и Ник Кирјос се добри и атрактивни за тенисот.

„Ми се допаѓа нивното лудило. Кога Кирјос играше на УС Опен во 2019 година, трибините на еден од помалите терени беа преполни. Го критикуваме неговото однесување и велиме дека ги навредува сите, дека не се обидува и дека не сака да игра, но на крајот сите ќе го гледаат. Луѓето знаат дека нешто ќе се случи, неговите натпревари се секогаш забавни, тој предизвикува вистинско шоу“, вели Беноа.

Пер, кој исто така би можел да биде во групата на „луди“ играчи, истакнува дека Кирјос е опуштено и искрено момче.

„Се сеќавам на еден ден минатата година на Вимблдон, влегов во соблекувалната, а Кирјос штотуку загуби од Надал во второто коло. Ник едвај излезе од просторијата, па го видов како порача три пива кои веднаш ‘на екс’ ги испи! Замислете, потоа отиде на прес-конференција. Ништо страшно! Ник е добро момче, искрен, не е премногу загрижен и заработува многу пари. Австралиските медиуми го распарчија, а тој и понатаму останува ист. Не му е гајле“, заклучи тенисерот на Франција.

Во својата досегашна кариера, 25-годишниот Кирјос заработи повеќе од осум и пол милиони долари од турнирот – тој освои шест титули, беше 13-ти во светот и двапати играше во четвртфиналето на грен слем турнирите (Вимблдон 2014 и Австралија опен 2015).

Се вчитува...