Кирјос: Јас сум тенискиот Денис Родман

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјос неодамна беше дел од подкастот на Мајк Тајсон каде покрај тенисот говореше на повеќе теми и спомена повеќе спортови притоа откривајќи дека има големи симпатии кон кошарката.

Кирјос откри и дека неговиот идол е Денис Родман и дека му се допаѓа споредбата со контроверзниот Американец.

„До 14-годишна возраст редовно тренирав кошарка, а тогаш татко ми ми кажа дека е доста со кошарката и целата сила да ја посветам на тенисот. Тоа ми го скрши срцето“, откри Кијос кој потоа го откри и својот идол.

„Најмногу го сакам Денис Родман. И навистина ми се допаѓа кога некој ме споредува со него. Отсекогаш ги сакав спортистите кои работат на свој начин. Таков сум јас. Не сум како Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ кои се постигнаа на професионален начин“

Се вчитува...