Кирјос му одговори на Ѓоковиќ: Те молам пред мене да не јадеш повторно трева на Вимблдон

Поранешниот финалист на Вимблдон, Ник Кирјос му испрати порака на Новак Ѓоковиќ во пресрет на стартот на Грандслем турнирот во Англија.

Ѓоковиќ ќе се обиде по осми пат да дојде до трофејот на Вимблдон и на тој начин го израмни рекордот на Роџер Федерер. Новак, неодамна на социјалните мрежи ја постави онаа позната фотографија како ја грицка вимблдонската трева и со тоа испрати директна порака дека е подготвен за освојување нов трофеј.

„Се сеќавам на вкусот, и гладен сум уште“ – напиша Новак.

Кирјос, кој од Новак загуби во минатогодишното финале, не чекаше да одговори долго на оваа порака.

„Те молам да не јадеш повторно трева пред мене. Ако повторно победиш, ќе те носам на пијачка овој пат“ – порача Австралиецот.

Ник и натаму има проблеми со повредите, поради што ги откажа неодамна учествата во Хале и во Мајорка. Се уште е неизвесно дали ќе се појави на Вимблдон.

Се вчитува...