Кирјос: Не го сакам тенисот како што го сакаат Рафа, Ноле и Роџер – Мојата прва љубов беше кошарката

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, познат по своите контроверзни изјави повторно го привлече вниманието на јавноста. Тој овојпат кажа дека не може да се замисли да игра во триесеттите години од неговиот живот.

Кирјос изјави дека е во доцна фаза од неговата кариера, по што еден новинар го натера да објасни подлабоко на што мисли.

„Дефинитивно не ми се допаѓа тенисот како тие легенди – ми се чини дека Федерер, Надал и Ѓоковиќ не можат да живеат без тенис. Имам впечаток дека ова им е прва љубов. За мене, првата љубов беше кошарката и не можев да го бркам тој сон. Не ми е лесно да се будам секој ден и да сакам да напредувам, да бидам во таква состојба во која сакам да бидам подобар секогаш кога ќе излезам на теренот. Јас го немам тоа во мене, не ми доаѓа така лесно (како нив)“, рече 26-годишниот Кирјос.

По триумфот над Имбер и Магер, Феликс Аугер-Алиасим го чека Австралиецот во третото коло на Вимблдон.

Се вчитува...