Ник Кирјос втора година по ред нема да игра на Австралија Опен. Контроверзниот играч не се најде на списокот со учесници на првиот гранд-слем сезонава, а во петокот потврди дека нема да биде во Мелбурн.
Кирјос во 2023 година поради повреда одигра само еден натпревар, оној во Штутгарт против Јибинг Ву, во кој беше поразен. Кирјос имаше многу добра сезона во 2022 година, кога стигна до финалето на Вимблдон, а истата година го освои Австралија Опен во двојки со Танасис Кокинакис.
Најдобриот резултат на Ози опен во неговата кариера е четвртото коло, во 2018 и 2020 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА