Кирјос повторно провоцира – Новак никогаш нема да биде најдобар тенисер на сите времиња

Контроверзниот Ник Кирјос никако не се смирува. Најпрво го нарече Новак Ѓоковиќ „кукла“, а само еден ден подоцна реши повторно да го нападне репрезентативецот на Србија. Австралиецот е познат по своите изјави и провокации, а овој пат се осмели да каже дека Новак никогаш нема да биде најдобар тенисер на сите времиња.

Во интервју за „Хералд Сан“, Кирјос не пропушти прилика да го привлече вниманието на јавноста и да го „пецне“ Ѓоковиќ.

„Не е важно колку пати има освоено Грандслем титули, тој никогаш нема да биде најдобар на светот затоа што сум играл со него двапати и жал ми е, но ако не можете да ме победите не сте најдобри на светот“ – изјави Кирјос за австралискиот „Хералд Сан“.

Да потсетиме, двајцата тенисери се сретнаа дури двапати за неколку недели во текот на 2017 година во Акапулко и Индијан Велс. Кирјос славеше во четвртфиналето на Акапулко со 7-6, 7-5 за еден час и 47 минути игра, што беше првпат Новак да не игра во полуфинале, нешто што дотогаш му се немаше случено од завршниот турнир во 2001 година.

За краток период, Кирјос обезбеди уште една победа против Новак, 6-4, 7-6 за еден час и 51 минута, а сега, иако не играат еден против друг речиси четири години, Австралиецот се потсети на овие големи победи и се осмели да упати уште една провокација кон Србинот.

Се вчитува...