Кирјос: Роџер е поважен за тенисот од Ѓоковиќ

Златното тениско трио – Новак Ѓоковиќ, Рафа Надал и Роџер Федерер се изедначени на листата на освоени грен-слема со по 20 титули, па во јавноста се почесто се јавува прашањето – Кој е најголем на сите времиња?

Ова прашање му беше поставено и на контроверзниот австралиски тенисер, Ник Кирјос кој не се двоумеше во својот одговор.

„За мене тоа е Роџер Федерер“, изјави Австралијанецот кој потоа додаде:

„Доколку се гледа чиста статистика, никој не е како Ноле. Меѓутоа од аголот на навивачите и спортот воопшто, мислам дека Роџер е далку побитен тенисер и не само во оваа ера, туку на сите времиња“.

Се вчитува...