Кирјос се откажа од УС Опен, и не пропушти да го „пецне“ Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Австралискиот тенисер со грчко потекло Ник Кирјос уште еднаш го „пецна“ српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Кирјос за време на целата вондредна ситуација поради пандемијата на коронавирусот се обидуваше да им објасни на луѓето дека животот е најважен, па го зачува тој свој став продолжувајќи со критики кон Ѓоковиќ и сите колеги и колешки кои се однесуваа неодговорно.

И додека луѓето масовно умираат, спортските организации го заживуваат спортот, се играат турнири меѓу кој најзначаен е УС Опен кој треба да почне на 21. август. Но, на него нема да биде Кирјос. Тој се откажа од Синсинати, а потоа и од УС Опен.

„Ајде најпрво да се сетиме на тоа што е важно. Најважни се здравјето и сигурноста на заедницата. Може да ги опоравиме потоа спортот и економијата, но никогаш нема да можеме да ги вратиме загубените животи. Немам проблем со тоа што некои сакаат да играат на УС Опен, никој повеќе од мене не сака тие луѓе таму да ги зачуваат своите работни места…, но тенисери не можете да бркате пари ширум Европа или, како некои мои колеги, брзо да го заработите со организација на турнири. Тоа е себично. Помислите барем еднаш во животот и на другите, а не само на себе. Во тоа се работи и околу овој вирус. Однесувајте се одговорно. Нема да играм на УС Опен и не ми е лесно. Ме боли до срж, но нема да играм поради сите заболени лица, поради моите Австралијци, поради стотици илјади починати Американци. Тоа е моја одлука“ – порача Кирјос преку видео порака.

Се вчитува...