Кирјос со трогателна порака се прости од Мареј – Беше со милји подобар тенисер од мене…

Австралискиот тенисер Ник Кирјос на убав начин се прости од Британецот Енди Мареј кој денеска соопшти дека Австралија Опен ќе му биде последен турнир во кариерата.

Кирјос кој е познат како тенисер кој често предизвикува скандали на терените и често е во центарот на внимание поради своето однесување, со трогателната порака испратена до Mареј покажа едно многу поинакво лице.

„Енди, знам дека ме сфаќаше како шегаџија, но барем слушни ме што имам да ти кажам, стар пријателе. Ти секогаш ќе бидеш некој кој влијаел на овој спорт на многу различни начини. Знам дека ова никогаш не бил начин на кој би сакал се да заврши, но, еј, ова беше лудо возење. Ти си еден луд тениски играч, со милји беше далеку пред моето ниво и сакам да знаеш дека денеска не е тажен ден само за тебе и за твојот тим, туку и за целиот спорт и за секој на кого имаше влијание. Среќно на Австралија Опен, јас стојам зад тебе“ – напиша меѓу другото Ник Кирјос.

Се вчитува...