Австралиецот со грчко потекло, Ник Кирјос поради повреди долго време е надвор од терените. Поради проблеми со рачниот зглоб беше приморан да го откаже учеството и на Сити Опен во Вашингтон.
Неодамна одговараше на прашање на навивачи на Инстаграм, па даде одговор и на неколку интересни од нив меѓу кои и на тоа кои му биле најтешки противници на терен.
„Циципас, Надал и Вавринка“ – одговор Кирјос по тој редослед.
А, интересен одговор даде што се однесува до враќањето на терен.
„Тенисот ќе биде подобар и повторно интересен кога Рафа и јас ќе се вратиме на терен“ – заклучи тенисерот од Канбера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА