Кирјос во елемент: Имам сексуална фрустрација, не можам да играм тенис додека сум „напален“…, со Ѓоковиќ не би пиел пиво!

Ник Кирјос е познат по контроверзните изјави и односите со колегите, па и овој пат не можеше да одолее да не го спомне Новак Ѓоковиќ, но и да се отвори за својот љубовен живот. Тој се осврна на разделбата со неговата поранешна девојка Кјара Пасари.

Австралискиот тенисер проговори за лошата форма низ која поминувал, но и нарушениот емоционален живот.

„Од првата девојка бев одвоен шест месеци и како да играв на високо ниво кога некој емотивно и физички ти недостига. Имав сексуална фрустрација. Јас сум на теренот и не можам да играм ако сум напален. Мислам дека ме разбирате. Не е важно која работа ја работите, бидејќи кога не се гледате со партнер толку долго, работата трпи, вие сте нерасположени. Бев најлошиот кучкин син кога толку долго бев разделен од мојата девојка“, изјави Кирјос.

Поради ова Австралиецот имал лоши односи и со најблиските.

„Имав лоши односи со семејството, бидејќи постојано патувам. Поминав низ многу проблеми и го одбив семејството затоа што мислев дека целиот свет е против мене. Се одвоив од сите и се скарав со луѓето што ги сакам. Не сакам тоа никогаш да се повтори“, потенцираше Кирјос.

Ник често знае да го споменува Новак Ѓоковиќ, но додаде дека нема ништо против светскиот рекет број еден.

„Искрено, немам ништо против тоа момче. Тој е одличен играч. Дали би пиел пиво со него? – Веројатно не, но тоа не значи дека не ми се допаѓа“, изјави Кирјос.

Се вчитува...