Кирјос живее во некој свој свет – Многу сум значаен за тенисот… Сите сонуваат за меч меѓу мене и Ѓоковиќ

Австралискиот тенисер, Ник Кирјос продолжува со своите провокации кон најдобрите тенисери на денешницата. Тој вели дека е еден од ретките кои можат да го добијат Новак Ѓоковиќ и дека цел свет живее за меч меѓу нив двајца.

„Дефинитивно сакав да играм со Ѓоковиќ во првото коло. Прилично е лудо што одиграв само два турнири во последните две години, но и понатаму сум еден од ретките кои можат да го добијат Ѓоковиќ. Тоа е благослов. Можам и да не играм, но луѓето сакаат само едно меч меѓу Кирјос и Ѓоковиќ. Тоа покажува колку сум значаен за нашиот спорт“, вели Кирјос. 

За потсетување Ѓоковиќ во првото коло ќе игра против младиот Британец, Џек Дрејпер, додека Кирјос ќе се сретне со Иго Умбер од Франција.

Се вчитува...