Кирјос: Знам што ќе работам кога нема да играм тенис

Многу професионални спортисти имаат проблеми да се прилагодат на животот по завршувањето на кариерата, но Ник Кирјос не влегува во таа група на безидејност. Контроверзниот Австралиец, иако има само 25 години, веќе знае што ќе направи кога ќе ја заврши својата тениска кариера. Најверојатно десетмесечна пауза и отсуство од тениските турнири му помогнале да ја најде својата нова професија.

Кирјос е 45-ти на АТП-листата и не забележува некои особено добри резултати како што се очекуваше од него пред неколку години. Затоа, веќе се поставува прашањето дали Кирјос воопшто има некаков мотив да игра тенис и дали веќе размислува за порано завршување на кариерата.

“Кога ќе дојдам до бројка од десет години во професионалниот тенис, ќе се обидам да навлезам во нова професија, а тоа ќе биде „гејмерство“. Навистина мислам дека сум доволно добар, но засега сакам да се фокусирам на тенисот”, рече Кирјос за своите планови во иднина.

Бидејќи Кирјос стана професионалец во 2013 година, ќе го гледаме на тениските турнири уште најмалку три години, а „белиот спорт“ ќе ужива во неговите автентични и контроверзни игри.

Се вчитува...