Кисељев потврди: Си одам од Вардар

Рускиот репрезентативец во редовите на Вардар, Дмитри Кисељев, ги потврди информациите дека на крајот од сезонава ќе го напушти македонскиот првак. Тој демантира дека го договорил својот трансфер во Чеховски медведи, но истовремено и потенцира дека одлуката за заминување од Вардар е веќе донесена.

„Немам договор со никого, се пишуваше за Чеховски медведи, но тоа е само една од опциите. Понуди ми испратија и Мотор и Брест Мешков, но се уште немам донесено одлука. Она што е сигурно е дека си одам од Вардар. Сезоната беше турбулентна, финансиските проблеми се големи, но за мене уште поголем проблем од парите беше фактот дека не играв онолку колку што сакам. Знам дека тренерот е во право, на мојата позиција игра Криштопанс, кој е еден од најдобрите десни бекови во Европа, згора на тоа и одличен дефанзивец. Научив многу од Парондо на тактички план, но сметам дека во следната сезона треба да бидам во тим во кој повеќе време ќе минувам на теренот“ – истакна Кисељев за руските медиуми.

Со оглед на најавеното заминување и на Криштопанс во ПСЖ, јасно е дека Вардар во новата сезона ќе мора да бара двајца ракометари на позицијата десен бек.

Се вчитува...