Кит Го го стави својот стадион на располагање на австриските пожарникари, одложен мечот со Детонит (ФОТО)

Наспроти активниот подготвителен период пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, од ФК Кит Го демонстрирајќи максимална општествена одговорност се одлучија да се стават во функција на заедницата.

Раководството на ФК Кит Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на австриските пожарникари кои допатуваа во Македонија на помош за справување со огнената стихија која владее во Малешевијата.

Токму поради тоа одложен е и за денеска предвидениот пријателски натпревар меѓу Кит Го и Детонит јуниор кој требаше да се игра во Пехчево.

Се вчитува...