Фудбалерите на Кит Го го запишаа и шестото реми во шестиот натпревар за време на подготвителниот период пред стартот на пролетната сезона во Втората лига – Исток.

Пехчевци денеска во Тетово одигра без голови против Тетекс. На мечот за гостите не настапија искусните Бујчевски и Тонев. Интересно, од шесте дуели на Кит Го зимава пет завршија без погодоци, а само еден – 1-1.

Составот на Трајче Сенев на денешниот дуел во Тетово настапи во следниот состав: Дураковиќ, Ристевски, Димовски, Синев, Колев, Гуцев, Темелков, Стојанов, Настевски, Дујовски и Пановски. Уште играа и: Богдановски, Мицковски, Стојменов и Јордановски.