Кит Го промовираше уште три нови засилувања пред стартот на новата сезона (ФОТО)

Комплетирајќи го составот за новата сезона во Втората лига – Исток, Кит Го ги засили своите редови со уште три нови имиња, голманот Горан Пашовски, дефанзивецот Бојан Рајков и напаѓачот Петар Најдов.

Искусниот 39-годишен голман Горан Пашовски доаѓа од редовите на штипска Брегалница. Пашовски во својата богата кариера претходно има настапувано и за Пелистер, Шкендија, прилепска Победа, Напредок и Беласица.

21-годишниот дефанзивец Бојан Рајков исто доаѓа од редовите на Брегалница.

25-годишниот напаѓач Петар Најдов, пак, минатата сезона настапуваше за кавадаречки Тиквеш а сега дополнително ја засилува конкуренцијата во офанзивата во составот на Емил Грнев.

Кит Го во 1. коло од новата сезона во Втората лига – Исток, в сабота (24. август) гостува на Беласица во Струмица.

Се вчитува...