Киву: Да не ги повторуваме грешките од минатото

Минатогодишниот финалист во Лигата на Шампионите, Интер новата сезона во најелитното фудбалско натпреварување ја започна со две сигурни победи без примен гол пред новото гостување во Белгија против Ројал Унион.

Италијанскиот гигант ја има апсолутната фаворитска улога во дуелот кој ќе биде одигран во вторник од 21 часот, а тренерот Кристијан Киву откри дека „нероаѕурите“ на овој натпревар нема да истрачаат со најсилниот можен состав.

„Мораме да ротираме и да им дадеме одмор на некои играчи. Не сакаме да повторуваме грешки од минатото, минутажата треба да ја дозираме соодветно.

Мислам дека во нападот ќе ги видиме Еспозито и Бони, но средината повторно ќе биде цврста и силна. Немаме намера да го потцениме противникот, но нашата мисија е да ги освоиме трите бода. Бони прикажа солидна форма, а Еспозито е во одличен налет и постојано созрева како играч. Ќе биде интересен меч“, откри Киву.

Се вчитува...