Киву потпишува нов договор – во Интер до 2028

Кристијан Киву направи извонреден успех откако во првата сезона како тренер на Интер го донесе скудетото на „Џузепе Меаца“, а управата на клубот е подготвена да го награди романскиот стручњак, со нов договор и значително зголемување на платата.

Актуелниот договор на Киву истекува во јуни 2027 година, но „нероаѕурите“ со новиот договор го задржуваат својот екс-дефанзивец како тренер најмалку до јуни 2028, со можност за продолжување на соработката за уште една дополнителна година.

Киву минатата сезона заработи 2,5 милиони евра како тренер на Интер, а со продолжувањето на соработката неговата плата ќе скокне на четири милиони евра годишно, со бонуси за секој трофеј што ќе го освои во наредниот период.

Сите детали се веќе договорени, а официјалниот потпис на договорот според италијанските медиуми ќе биде потврден во текот на денешниот ден.

Се вчитува...