Ќе го продолжи договорот до 2028 година романскиот тренер на Интер, Кристијан Киву. Киву кој во својата прва сезона ја освои двојната круна, ќе биде награден за неговата работа.
Сепак, тој ги „пецна“ челниците на Интер со тоа што имаше забелешка дека работата на тренерите е несигурна, и дека додека тие може да бидат сменети после три порази, играчите остануваат и по 5-6 години во клубовите.
„Дали ќе останам долго во Интер? Па, ако немам три порази по ред, можеби“, рече во смеа Киву и додаде:
„Секогаш постои ризик да бидам сменет. Ова е реалноста на фудбалот, и тоа го прифатив одамна. Играчите добиваат по 5-6 години договор, а тренерите само две. Тренерот е оној кој секогаш плаќа за се. Дали е тоа чесно или не, така стојат работите“, рече Киву.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
