Кизиќ блеска на голот, Вардар губи со еден гол од Порто

Младиот Марко Кизиќ е најсветлата точка во воведните 30 минути кај Вардар во пресметката од 13. коло во ракометната лига на шампионите против Порто. До полувремето Кизиќ забележа девет одбрани и значајно му помогна на Вардар да одржува резултатски баланс на гостувањето во Португалија. На полувремето, Вардар губи со 11-10. Покрај Кизиќ, добра партија во првото полувреме има и Данил Шишкарев кој постигна четири гола.

Вардар имаше предност од 3-1 во воедниот дел од средбата, но потоа следуваше серија од 6-1 на домашниот тим и Порто се одлепи на 7-4 по што европскиот шампион постојано ја бркаше противничката предност. Во последните секунди од полувремето, Вардар пропушти и прилика за израмнување на резултатот.

За Вардар овој дуел е значаен во борбата за подобра позиција на конечната табела и евентуален полесен противник во вкрстувањето во осминафиналето. Ако забележи победа ќе биде секако подобропалсиран од Порто и најмалку на петтата позиција.

 

Се вчитува...