Кизиќ со стил се збогуваше од Вардар (видео)

Марко Кизиќ имаше импресивен настап на својот последен меч во дресот на Вардар, со 17 одбрани носејќи им ја на „црвено-црните“ денешната победа над Металопластика за пласман во четвртфиналето од СЕХА-лигата. Тој и сезонава не беше прв голман, но секогаш кога ќе добиеше шанса максимално ја оправдуваше довербата, потврдувајќи дека станува збор за извонреден потенцијал пред кого е блескава кариера.

Погледнете дел од одличните одбрани на младиот чувар од мрежата, кој од наредната сезона ќе ја чува мрежата на Еурофарм Пелистер.

Се вчитува...