Кизиќ: Важен натпревар со кој се вративме на „победничките патеки“

Младиот македонски голман со одличната партија во последните 20. минути од натпреварот беше еден од најзаслужните за победата на Вардар против Мешков Брест од 36-31.

„Многу важен натпревар со кој се вративме на втората позиција на табелата. Поддршката од публиката ни даде голем мотив да стигнеме до победа и важни бодови. Одиме понатаму и се надевам дека добрата форма ќе ја продолжиме и во следните мечеви“, изјави Кизиќ. 

Во следното коло во Лигата на шампионите Вардар игра против екипата на Киелце.

Се вчитува...