Кјелини го чека казна поради она: „Реаловци“ колку плативте за овој пенал!? (ВИДЕО)

Многу работа очигледно ќе има за УЕФА од мечот меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, посебно поради случувањата во последните секунди – пеналот, нападите од Италијанците кон судијата и гестикулациите од страна на Џорџо Кјелини.

Во моментите на сериозна тензија дефанзивецот на Јувентус беше во расправија со Рафаел Варан притоа со рака гестикулирајќи му дека во полуфиналето одат само затоа што Реал Мадрид добро го платил судијата.

УЕФА сигурно нема да остане слепа и нема на сето ова, но Кјелини по мечот потенцираше дека воопшто не му е грижа за никаква казна која би можеле да пристигне на негова адреса.

Се вчитува...