Кјелини: Јуве ќе стави крај на бајката на Аталанта

Јувентус не е сигурен за пласман во Лигата на Шампионите следната сезона, но фудбалерите на „старата дама“ пред клучниот меч со Болоња ги очекува утрешното финале од Купот на Италија против Аталанта.

Ветеранот Џорџо Кјелини е најавен како стартер во ситуација кога Бонучи е повреден, а искусниот дефанзивец најавува дека „старата дама“ е подготвена да застане на патот на Аталанта кон освојување на трофејот.

„Подготвени сме, ќе ставиме крај на бајката на Аталанта. Максимално сме мотивирани да го кренеме трофејот, ќе дадеме се од себе тоа да се случи. Аталанта има одлична сезона, но и ние влеговме во посакуваниот ритам со последните победи. Очекувам тврд меч со малку шанси, ќе мора да се биде максимално фокусирани за да ја искористиме секоја можност што ќе ни се укаже. Во одбраната ќе мораме да бидеме на повисоко ниво, бидејќи во последно време примаме многу голови“, изјави Кјелини.

Се вчитува...