Кјелини: Многу ме боли тоа што пропуштивме три Светски првенства

Некогаш столб во одбраната без кој не можеше да се замисли одбраната на Италија, до факт дека неговата селекција сега не може да „помириса“ пласман на Мундијалот веќе 12 години.

Џорџо Кјелини ја „отвори душата“ за фактот што неговата Италија не може да дојде до Мундијалот, и трипати губи во баражите. Еднаш од Шведска, потоа од Македонија а сега и од Босна и Херцеговина.

„Не можеме да се преправаме дека ништо не се случило. Тешко е да се прифати дека нема да играме на три Светски првенства по ред. Ги доживеав првите два неуспеси лично, а тие рани се уште се во мене. Потребно е длабока анализа за да се врати идентитетот што беше загубен со тек на време. Го добревме дното, и се надевам дека не можеме пониско од ова. Сега е потребен заеднички проект. Наша задача, како и задача на италијанското фудбалско раководство да започнеме сериозен и конкретен процес за промена на курсот, без изговори“, изјави екс дефанзивецот на Јувентус.

Се вчитува...