Кјелини се надева на камбек во март по тешката повреда

Италијанскиот репрезентативец Џорџо Кјелини се надева дека ќе успее да се врати на терените побрзо од лекарските предвидувања и ќе ја фати завршницата на сезоната во Серија А и во Лигата на шампионите. Тој заработи сериозна повреда кинејќи ги лигаментите на коленото и беше предвидено дека ќа паузира до мај. Но, Кјелини верува дека ќе успее да се рехабилитира до почетокот на март.

„Мислам дека ќе се опоравам до крајот на февруари или почетокот на март. За жал, тоа е долг период. Трпението е најважно во вакви моменти“, изјави Кјелини.

Јувентус во моментот е лидер на табелата во Серија А и го осигура пласманот во нокаут фазата, а Кјелини ќе се приклучи токму во решавачкиот дел од сезоната.

Се вчитува...